Три деца вчера прегазени во Охрид, две се тешко повредени

Црн ден вчера во Охрид. Во две одделни сообраќајни несреќи се прегазени вкупно тројца малолетници. 

- На 21.02.2024 во 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“во Охрид, патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(55) од Охрид, удрило во двајца малолетни пешаци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден од малолетниците, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти полицијата. 

- На 21.02.2024 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген туран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(36) од Охрид, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираа од МВР за другиот случај.