За пет часа казнети се 188 пешаци низ Македонија

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот МВР спроведе сообраќајна контрола на територијата на Македонија каде главен фокус им било санкционирање на прекршоците што ги прават пешаците.

Во контролата на МВР казнети се 188 пешаци од кои, 163 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.За време на контролата санкционирани се и 98 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР велат пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.