Позитива на денот: Како жителите на ЗОО Скопје уживаат во снегот

Иако снег вееше пред неколку дена, снежната покривка се уште е тука. 

Во урбаната средина потребно е да се исчисти снегот за да може животот непречено да функционира,  но во Зоолошката градина тоа не е случај. 

Животните преку ден уживаат надвор од своите домови, но кога ќе залади надвор, тие веднаш се прибираат на топло. 

Фотографиите кои ЗОО Скопје ги објави вчера на својот профил на Фејсбук, само ни покажуваат колку животните се прекрасни и прилагодливи на надворешните услови.