Поврат на ДДВ кај граѓаните следна реформа на УЈП

Сања Лукаревска, првиот човек на Управата за јавни приходи, го најави предизборниот проект „Повеќе пари кај граѓаните“ како следна даночна реформа на кои што работи УЈП и ја планира за следниот период.

Владата на Република Македонија долго време го ветуваше фамозниот систем со кој на граѓаните ќе им се враќаат по 15% од платениот ДДВ, со исклучок на данокот остварен при купување на лускузни производи.

– Управата за јавни приходи превзема активности за имплементација на Проектот “Повеќе пари кај граѓаните”, кој треба да овозможи поврат на 15% од износот на платениот ДДВ на физички лица.Исто така превземаме низа активности за имплементација на Проектот за обезбедување на даночно намалување за стопански субјекти кои ќе донираат средства на спортските клубови – изјави Лукаревска.

Ова ветување Владата предводена од СДСМго одложи за 2019 година, со образложение дека во 2018 година само ќе се реализира пилот проект во два региона во земјава.