Повеќе почит и толеранција меѓу нас, посака Елена Ристеска во новогодишната честика

Нашата позната пејачка Елена Ристеска на својот Инстаграм профил објави честитка по повод Нова година. Куп најубави желби им посака на фановите! 

- Оваа година ви посакувам помалку стресови и анксиозности, помалку болести, помалку трагедии и стравови, помалку лоши работи од претходната година. Ви посакувам повеќе среќа која носи здравје, мир, хармонија, радости, успеси, бериќет, повеќе грижа за своите луѓе и работи, повеќе почит и толеранција меѓу нас, повеќе концерти и нова музика, повеќе љубов, повеќе почитување на македонската музика и артисти, повеќе грижа за животните, повеќе грижа за жените и децата-најкревката категорија на граѓани, повеќе квалитетен живот и почист воздух во нашата земја и уште многу убавини кои од срце искрено ги мислам, вели Елена во објавата. 

Инаку, Ристеска кон крајот на месец октомври беше главна вест низ медиумите откако избегнала обид за напад со тврд предмет во скопскиот ноќен клуб „Интермецо“. Случајот стигна до полицијата и Обвинителството, а пејачката била нападната од 38-годишна скопјанка. 

- Бев излезена со пријатели во клубот,  и сосема неочекувано, женска личност се обиде да ме удри со тврд предмет по главата, потврди тогаш Ристеска на својот фејсбук профил.