Елена Ристеска со емотивна објава се прости од Мирко: Опасно е времето што го живееме

Елена Ристеска меѓу познатите јавни личности кои упатија емотивни зборови по повод смртта на младиот музичар Мирко Попов

- Уште една музичка легенда и уметник замина. Мирко Попов се гледаме во некое подобро време и на подобро место, овде се’ е опасно. Мирко е автор на оваа песна, го напиша текстот, во негов стил, но со наш комерцијален шмек, вели на почетокот на својата објава на Инстаграм Елена Ристеска. 

- Дарко Димитров ја напиша композицијата и аранжманот, секако јас ја отпеав. Не можам да се помирам дека и тие малку што останавме да ја сочинуваме музичката фела, комерцијална или алтернативна - сеедно, еден по еден се селиме на оној свет или во други држави. Славиша кој е дел од овој спот исто така, не’ напушти. Опасно е времето што го живееме. Да размислиме и да станеме подобри луѓе. Најмалку што можеме е да престанеме да плукаме по нашето, македонското. Да престанеме да се плукаме себе си како нација. Прст на чело и повеќе љубов да делиме. Мирко почивај во мир, вели во смотивната објава нашата позната пејачка Елена.