Син ја нападнал мајка си, и нанел повреди

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесe кривична пријава против Г.Ѓ.(51) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство.

На 02.02.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка и ѝ нанел повреди.