Кривична против вработен во СВР Скопје, му влијаел на своето детето да изгради негативен став кон поранешната сопруга

Вработен во СВР Скопје си заработи кривична пријава од Единицата за насилен криминал- Одделение за семејно насилство поради сомнеж дека е сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 и „неизвршување судска одлука“ по член 377 од Кривичниот законик.

Против З.Ц. од страна на Основниот граѓански суд со решение му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство на неговите малолетни деца во траење од 12 и три месеци со забрана да врши психичко насилство врз неговите малолетни деца и да ги инволвира во постапките кои родителите ги водат пред надлежните институции.

И покрај изречените мерки З.Ц. преку социјалните мрежи и преку телефон успеал да оствари контакт со едно од децата каде му влијаел во градењето на негативен став за мајката се со цел да и го одземе старателството. Покрај тоа тој покренал постапка и пред надлежна институција.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, заради постапување спротивно на член 26 став 1 и 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР.