Потребни се силни реформи во културата - Љутков со порака по повод Светскиот ден на театарот

Актерот Зоран Љутков со објава по повод Светскиот ден на театарот! 

- Британската театарска, филмска и телевизиска актерка Хелен Мирен, која беше авторка на светската порака по повод Светскиот ден на театарот 27 Март во 2021 година, во својата порака изразува уверување дека театарскиот живот наскоро повторно ќе „процвета, со една нова енергија и нови разбирања на светов, кој сите ние го делиме“. „Креативниот нагон на писателите, дизајнерите, танчарите, актерите, музичарите, режисерите, никогаш нема да биде потиснат, а во блиската иднина тој повторно ќе процвета, со една нова енергија и нови разбирања на светов, кој сите ние го делиме. Едвај чекам!’’, порача Хелен Мирен. Во Македонија театарот не дочека процветување,туку потона во својата безидејност,неинвентивност,сервилни менаџери и несоодветни министри, вели Љутков на почетокот на објавата. 

- Потребни се силни реформи во културата, реинсталирање на системот со нови, современи мерки! Вака требаше да изгледа Драмски во 2017 година, порача Љутков.