Постојат мажи кои секогаш ти даваат слобода...

Постојат мажи кои секогаш инсистираат ти да одиш пред нив. Не затоа што се љубоморни, па сакаат да го следат секој твој чекор. 

Постојат мажи кои никогаш не забораваат да ти помогнат при соблекување на капутот и да ти ја тргнат столицата, дозволувајќи убаво да се сместиш, но не затоа што едвај чекаат да те видат како паѓаш.

Постојат мажи кои едвај чекаат да ти запалат цигара. Но, не за да избројат колку цигари си испушила. 

Постојат мажи кои ја забележуваат твојата гестикулација и држење. Но, не за да те одведат во кревет.

Постојат мажи кои одат пред тебе само за да можат да ти ја отворат вратата од автомобилот. 

Постоја мажи кои ти даваат слобода на избор, но не за подоцна да те заробат. 

Постојат мажи кои купуваат цвеќе на жените, но не само кога е 8. Март. 

Постојат мажи кои те водат на вечера. Но, не за да ти се додворуваат. 

Постојат мажи кои не те пуштаат да одиш сама по мракот. Но, не за те обвијат со него. 

Постојат мажи кои мислат дека си посебна. Не, затоа што се правиш, туку затоа што навистина си таква. 

И постоиш ТИ, која се согласуваш на сè што е помалку од ова што беше напишано, мислејќи дека такви мажи не постојат.