Петровец добива нова градинка за 65 дечиња

Денеска во населено место Петровец, во непосредна близина на ООУ „Кочо Рацин“ се постави камен-темелник на нова детска градинка со капацитет на сместување од 65 дечиња.

- Со изградбата на овој значаен објект за жителите на општина Петровец ќе се реши проблемот со немањето на место за прием на нови дечиња за кои постои реална потреба. Објектот ќе биде со површина од 350 м2, информира градоначалникот на општина Петровец, Борче Митревски.

Во првата фаза на градба од Скопски Плански Регион од Бирото за Регионален Развој ке бидат доделени 5.000.000 денари додека од Општина Петровец ќе бидат издвоени 3.300.000 денари. Додека за втората, а воедно и завршната фаза од Буџетот на Општина Петровец ќе бидат издвоени уште 12.000.000 денари.

- Општина Петровец ќе продолжи и во иднина да вложува во инфраструктурни објекти сè со цел да се задоволат потребите на населението кое живее на целата територија на општината, вели Митевски.