Поради работни активности на ЈП Водовод и Канализација дел од корисниците во централното градско подрачје утре ќе останат без вода.
Од таму велат дека како разултат на планирани работни активности за отстранување на дефект на затворачи од Ф-300 мм на бул .Св.Кирил и Методиј (до мисијата на ЕУ) во населба Центар, на ден 09.05.2021 год.(недела) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улиците Мајка Тереза, Шарски Одреди, дел од булеварите Св.Кирил и Методиј и св. Климент Охридски, дел од улиците Даме Груев и Димитрија Чуповски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите, се вели во соопштението од јавното претпријатие.