Поради недоразбирање во сообраќајот нападнат скопјанец во Аеродром

42-годишен скопјанец пријавил дека физички бил нападнат од едно лице. 

- На 06.02.2024 во 07.30 часот во СВР Скопје, И.П.(42) од Скопје пријавил дека на 03.02.2024 околу 17.40 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од И.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата во дневниот билтен.