Градоначалникот на Центар со порака: Биди фраер и стигни без автомобил!

-Биди фраер и без автомобил стигни на работа или кај друштвото. Вози велосипед или тротинет, не чекај на семафори и не го троши времето барајќи паркинг. Учествувај во намалување на сообраќајниот метеж, аплицирај за субвенции. - ова е пораката на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во рамки на кампањата „Цел центар на точак“. 

Акцијата стартуваше на почетокот на месецот, а со истата ќе се субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, Е-велосипед и Е-тротинет, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет започнувајќи од 4-ти мај, потребно е да ги достави следниве документи :

  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје , барака бр.6, почнувајќи од 04-ти мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 32 03-639.