Поради дефект без вода улица „Маџари“ и поликлиниката Ченто

Поради дефект 125 милиметри на улица „Маџари“ бб, во близина на поликлиника Ченто, без вода ќе бидат корисниците на дел од истата улица, вклучително и поликлиниката.

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштуваат дека водоснабдувањето е прекинато од 15:10 часот и ќе трае се до завршување со санација на дефектот.