Пола Скопје утре ќе биде без електрична енергија

Регионалниот центар за управување со кризи информираше дека поради технички зафати, во текот на утрешниот ден ќе има краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку скопски населби. 

Регионалниот центар за управување со кризи, утрово информираше дека од страна на ЕВН Македонија за утре планирани се технички зафати на главниот далековод од ТС 400/110 КV Скопје 4 до ТС 110/35/10 КV Југ Нова.

Поради тоа утре во периодот од 04.00 до 19.00 часот, ќе има краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населбите Аеродром, Центар, Пролет, Мичурин, Кисела Вода, Припор, Пржино и Црниче.