Делови од Сопиште и Бутел без струја денеска, вода ќе нема во Карпош

Од ЕВН Македонија АД добивме известуваат дека денеска (вторник) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од ул.4, Соње Коштан, с.Горно Соње (Општина Сопиште)

- во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од Горно Оризари, м. в. Крст (општина Бутел). 

Од ЈП Водовод и Канализација-Скопје известуваат дека денеска (вторник) поради промена на затварачи од ф125мм и од 100мм  на ул Осло бр 15а прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Осло, ул. Будимпештанска, ул. Душко Бојковски, ул. Бањалучка, ул. Љубица Ѓоргиева, ул. Урош Џудовиќ и дел од ул. Женевска (општина Карпош).

Прекинот ќе биде од 09:00 до завршување на интервенцијата.