Поезија: Петре М. Андреевски - Таа

Photo by Nicolette Attree

Петре М. Андреевски - Таа

​​​​​​​Таа дури и на Сонцето

му позајмува светлина

и затоа никогаш

и никаде не ја напушта.

Таа е природна појава

една единствена

стои, како рамноденица

меѓу светот и светлината,

меѓу телото и душата.

Ми иде да ѝ викнам:

дај ми го само телото,

а душата задржи си ја,

но откај неа слушам:

а зошто ти е мртво тело?!