Подочниците се знак дека во организмот постои проблем

Подочниците се многу често прв сигнал кој упатува на тоа дека во организмот постои некој проблем или нерамнотежа. Некои од болестите на кои укажуваат подочниците се проблеми со бубрезите, анемија, последици од стрес, кардиоваскуларни болести.

И изборот на храна игра голема улога во настанувањето на подочниците. Нив ги разликуваме според пигментираноста, јачината на темната боја, отеченоста, а во некои случаи тие се појавуваат како последица од спуштањето на образите заради губење на поткожното масно ткиво или како последица од комбинацијата на сите овие причини.

Подочниците што се отечени се најчесто показател за заостанување на вода и создавање на масно ткиво околу очите, а ако се темни, станува збор за зголемен продор на крв од крвните садови во ткивото.

Ако темните кругови се задржат неколку месеци и се претворат во обесени темни кесички, би требало да се провери крвната слика. Анемијата е една од почестите причини за темните кругови под очите, особено ако се проследени со главоболки, замор, лоша концентрација, проблеми со учењето кај децата, послабо помнење.

Темните кругови под очите укажуваат на проблеми во работата на бубрезите и задржување на вишокот течности во организмот.

И алергичните на полен имаат проблем со подочниците. Кај овие пациенти е чест неуродерматитисот заради кој зачестено ги бришат и ги тријат очите, а тоа придонесува за  развој на пигментација и иритираност на нежната кожа од капаците.