Домашен рецепт: Коцки мраз против подочњаци и иритација на кожата

Овие ледени коцки се состојат од само 3 состојки, а прават вистински чуда на кожата. Користете ги за кожата на лицето и вратот.

Потребно ви е само компир, краставица и сок од лимон.

Компирот ги отстранува отровните материи од кожата и ја прави богата со витамини, минерали и антиоксиданти. Овие позитивни ефекти се идеални за борбата против дамки и подочњаци. Крастивицата се состои од вода и помага во борбата против сувата кожа, овозможувајќи и хидратација, и збогатувајќи ја со витамини. Сокот од лимон пак делува како природен избелувач на кожата.

Потребни состојки:

Компир со средна големина

Мала краставица

Сок од 2 лимон

Калап за мраз

Излупете го компирот и ставете го во блендер со краставицата и сокот од лимон. Изблендирајте ја убаво смесата и ставете ја во калапот за мраз. Почекајте да замрзне убаво и потоа ставете ги коцките мраз на лицето.