Почнува едукативната кампања на “Лајка“ за вдомување на бездомни кучиња

Почнува едукативната кампања на “Лајка“ преку која ќе се направи обид да се покрене свеста кај најмладите за одговорното сопствеништво, како и вдомувањето на бездомни кучиња, а со една цел - да се намали бројот на бездомни кучиња по улиците.

За таа цел од денес со службено возило на ЈП “Лајка“ кое е брендирано со ликот на најстариот резидент во прифатилиштето Зиги ќе почне да кружи низ скопските населби да поголема едукација на жителите на градот Скопје.