Лајка: Среќно се вдомија 42 кучиња

ЈП “Лајка“ ги објави месечни резултати за јануари 2024 година. Од таму известуваат дека во ЈП Лајка го поминаа хуманиот третман 81 куче, 72 од нив беа заловени од нашите заловувачки тимови, а 13 беа донесени од граѓани.

Среќно се вдомија 42 кучиња, а 59 беа вратени на матичната локација се вели во соопштението на ЈП “Лајка“.