Вчера во 20,00 часот од страна на итна медицинска помош било пријавено дека во просториите на хотел кој се наоѓа позади поликлиника “Бит пазар“ во Скопје, во хотелска соба е пронајдено починато машко лице, легнато на подот со траги од крв и метадон.
По кажување на вработените во хотелот, лицето кое што престојувало во хотелот пристигнало на 15.01.2018 година и се претставило како Б.М. без да остави документи за идентификација.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.