По 53 години за прв пат општината реализира проект на нивната улица, вели чичко Младен од Ченто

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук, информира дека иако е сабота, локалната самоуправа на терен реализира градежни активности за асфалтирање на локални улици.

-Утрово направив увид на градежните работи за асфалтирање на крак од улица Финска во Ченто. Оваа улица произлезе како барање на една од средбите кои изминатиот период ги имав со жителите на Ченто. Му благодарам на гостопримството на чичко Младен кои ни посака срдечно добредојде при што ми кажа: "Има надеж за нас со вакви политичари како вас, кој си го исполнуваат зборот". Ми раскажа дека живеат во Ченто од 1970 година и дека по 53 години за прв пат општината реализира проект на нивната улица, порача градоначалникот на својот фејсбук профил и додава: 

- Мојата енергија ја црпам од жителите на општина Гази Баба, тие се мојот ветер во грб за да продолжам да чекорам по патот на промените во нашата општина. Работиме по план и програма, имам визија која ќе го промени животот на граѓаните. Многу луѓе како чичко Младен се изненадени, бидејќи дадениот збор се исполнува. Вредноста во политиката не е во она што ќе го ветиш за време на изборната програма, туку во она што ќе го реализираш откако ќе ја добиеш довербата на граѓаните, а изминатиот период на дело покажавме дека ветувањата дадени за време на изборите стануваат реалност. - напиша Стефковски.