Платите во културата се зголемија за 43 отсто, велат од СДСМ

Од СДСМ велат дека во континуитет покажуваат вистинска грижа за културата и за уметниците  и трудот на културните работници достоинствено се вреднува.

„Од почетокот на 2021 година досега, платите во културата се зголемени за 43 отсто. Платите во културата беа зголемувани во неколку наврати и тоа за 1,65 отсто во 2021, за 19,55 отсто во 2022, за 12,55 отсто во 2023 во март, сите вработени во културата, почнувајќи со исплатата за септември добиваат за уште 10 отсто повисоки плати. Зголемувањето за 10 отсто е резултат на потпишувањето на Општиот колективен договор за платите во јавниот сектор, којшто гарантира континуиран раст на платите, со решение кое нема да зависи од волјата и желбата на која било политичка партија и сега и во иднина“, велат од СДСМ.

СДСМ, како што истакнуваат,  продолжува со вложувања во подобрување на условите за работа и унапредување на животниот стандард на вработените во културата.