Населено место Сушица во општина Петровец доби целосно реконструиран плоштад.
Финансиските средства во висина од 1.500.000 денари во целост беа обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.
-Вакви и слични проекти ќе продолжат да се реализираат во сите населени места согласно барањата и потребите на жителите од тие населени места, информираат од општина Петровец.