Пецаков за Апасиев: Уличарот, шарениот револуционер, соработникот на Катица и естраден уметник Апасиев ме споменал

„Соработката по однос на координираните напади против мене на Левица и СДСМ на денешното гласање за нов спикер собрание, добија на интензитет! Така уличарот, шарениот револуционер, соработникот на Катица, катализатор на носењето на власт на платформата „живот за сите“ и естраден уметник Апасиев, рецитирал поезија за Таљат и Јован и ме спомнал мене“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. 

Е сега вака, ко ќе ми ја пуштит по езеро Јован златната рипка по што ќе имам три желби, ќе ги искористам на следниов начин:

-желбата бр. 1 ќе ја искористам да посакам просперитет на Охрид и охриѓани и на цела Македонија!!

– желбата бр. 2 ќе ја искористам да му дајт на Димче господ ум и кувет и конечно уличарскиот речник, вадењето на полови мали органи на маса и омаловажувањето на македонскиот народ со таквиот речник да го замени, со достоинствен однос како што доликува на една држава како што е Македонија, но и на еден политичар кој што сака да е некаков фактор во земја која е цивилизациска лулка и земја која фолиранти и мики мауси ко него добро ги препознаваат…!!

– желбата бр. 3 ќе ја искористам да му посакам успешен настап и втора победа на евровизија, после првиот настап и победа која по многу параметри беше историска за одредени целни групи!!

Можам и да рецитирам ко него, ама ќе остам за во некоја друга прилика.

Оркестрираниот и синхронизиран напад врз мене, го разбирам и ќе го издржам.. Македонскиот народ е доволно интелегентен, да процени и за штетниците во самиот политички систем, но и за игрите кои во позадина и се случуваат веќе неколку години на Македонија. Во време кога Македонија ја води најнеспособната влада што некогаш владеела, да се занимаваш со опозицијата (како дел од „опозиција“) и тоа пазите при промена на спикер на Собрание, по повод формирање на техничка влада, говори за намерите и целта на постоењето на одредена партија како што е вашата!“, пишува Пецаков на својот фејсбук профил.