Пандев се поздрави со репрезентацијата, Ангеловски веќе нема да биде селектор

Македонските репрезентативци пристигнаа дома, откако првпат заиграа на европските терени, против големите репрезентации.

Како што веќе знаеме, вчерашниот дуел со Холандија беше и последен на Пандев во дресот на репрезентацијата. Тој исто така вели дека не знае дали ќе го продолжи клубскиот договор со Џенова за уште една сезона. 

„Не знам дали ќе продолжам да играм уште на клупско ниво, веќе немам договор, сега сакам да се одморам малку, а потоа ќе размислувам што понатаму“, вели тој, додавајќи дека нема намера да биде тренер во иднина, но не ја исклучува можноста да биде спортски директор. 

Селекторот Ангеловски пак, вели дека 

„Да, дефинитивно заминувам. Јас со задоволство го одработив секој момент како селектор на македонската репрезентација, а причините зошто нема да продолжам се добро познати на јавноста. Пак ќе кажам дека сум среќен што го остваривме сонот на сите генерации, на македонската фудбалска репрезентација и посакувам се најдобро во иднина и дај Боже да се радуваме на уште вакви големи настани.“

Неговиот договор беше продолжен до крајот на Европското првенство, а Пандев смета дека тој треба да ги одработи и квалификациите и натпреварите за Светското првенство. 

Иако македонските фудбалери не забележаа ниедна победа во групите, тие се пречекани како досега најуспешен состав. 

На македонските фудбалери добредојде им посакаа првиот човек на агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски и претседателот на македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ.