„Пајакот“ во Центар крена над 100 возила за една недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 180 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 20.05. до 26.05.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 105 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 75 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, се додава во соопштението на ПОЦ.