Гази Баба е првата општина во земјва која на јавните површини ќе постави унифицирани корпи за собирање на сметот кој го оставаат домашните миленици.
- По поставувањето на куќарки, ова е втор чекор кој го превземаме и со кој на дело ја покажуваме нашата грижа кон домашните миленици. Во оваа прилика сакам да апелирам до сопствениците на миленици да ги користат поставените корпи за заеднички да се грижиме за заштитата на животната средина, порача градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.
Дополнително, вети, насекаде низ општина Гази Баба ќе постават и нови корпи за отпадоци.
- Набавката на оваа урбана опрема ја направи ЈКП Гази Баба за што јавно им благодарам за посветеноста и креативноста во работата, дополни Стефковски.