Над 130 возила кренати со „Пајак“ во Центар за една недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

137 непрописно паркирани возила отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“.

100 возила кои биле затекнати во резидентни зони  санкционирани со поставување на механичко средство „Блокатор“.

- ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, велат надлежните.