Пациент во Геријатриската болница во Скопје починал по пад од висина

Седумдесет и осумгодишен пациент во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, завчера починал откако паднал од висина.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен завчера во 18.15 часот во СВР Скопје.

-Во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје, на подрачје на Ѓорче Петров, нивниот пациент М.С.(78) од с.Иванковци, велешко, паднал од висина. Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт, наведуваат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.