Лекарите на КАРИЛ се борат за животот на пациентот кој скокна од прозорец

Опериран пред неколку дена од тумор на мозокот, пациентот којшто ноќеска скокна од прозорец на Клиниката за неврохирургија, се здобил со повеќе преломи и со крвавење во стомакот, а вистинска среќа е што при падот не ја повредил и главата. По овие интервенции на главата, може да се случи промена во однесувањето, болниот да стане агресивен, велат лекарите. Но може да се јават и други нарушувања, како психички растројства.  

Пациентот од Свети Николе што ноќеска скокна низ прозорец од првиот кат на  Неврохирургија, едвај спасил жива глава – тој заврши со неколку преломи на ногата, ребрата, но и со други повреди. Добил и крвавење во стомакот, по што бил итно опериран и сега е префрлен на КАРИЛ, потврдија за НоваТВ од Универзитетската Клиника за неврохирургија.