„Пациент со цистична фиброза правеше шоу на телевизија“, вели Меџити

Министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за „Макфакс“ зборуваше за лекот „трикафта“ кој им е потребен на лицата со цистична фиброза.

Меџити кажа дека се финализира протоколот кој ќе покаже кои пациенти треба да го примаат лекот.

- Кога дојдов јас, немаше протокол за „трикафта“, немаше ниту центар, ниту комисија. Ние направивме сè и го пративме на Фонд на здравствено осигурување и добивме позитивно мислење. Вие знаете дека пред два месеци излегуваше еден пациент и правеше шоу на телевизија, кажа Меџити за „Макфакс“.

Новинарот го праша зошто Меџити смета дека пациентот правел шоу, по што министерот даде краток одговор.

- Пациент не може да реши дали му треба лек или не му треба. За тоа во Македонија има кој да каже. Јас зборувам јавно и транспарентно, кажа Меџити.