Овој пат е блокиран

Поради блокада на патот А3 Кочани - Штип кај с.Облешево, од околу 100 граѓани-оризопроизводители со 12 земјоделски машини, на сообраќајната лента во правец Штип-Кочани, од 10:15 часот, сообраќајот се одвива наизменично.

Блокадата не е познато до кога ќе трае, а од АМСМ информираат дека ја следат ситуацијата за навремено да ги информираат возачите.