Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 5,28 % во однос на Одлуката од 29.11.2021 година.

Согласно новата одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,016 денар/килограм и сега ќе изнесува 38,527 ден/кг.

Од 07.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,527 (денари/килограм)