Откако го прашаа за вработувањето на неговиот внук и чичко во М-НАВ, министерот Николовски се искара со новинарите

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски се испокара со новинарите откако го прашаа за вработувањето на неговиот внук и чичко во М-НАВ. Во неговиот жесток одговор тој им кажа на новинарите наместо да го прашуваат за такви работи треба да ги промовираат политиките и мерките на неговиот ресор. Околку вработувањето на неговиот чичко кажа дека не може да биде непотизам зошто чичко му таму работи уште пред тој да биде роден.

-“ Жалам што наместо да се интересирате за темите за земјоделие, се обидувате да ширите невистини и лаги. Жалам што во 2023 година имавме над 100 проекти, не се испромовира тоа што работеше овој тим. Чичко ми работи таму пред да бидам роден. Зарем некој што не е роден може да влијае? И тоа ви е најбитната тема, наместо да информирате она што граѓаните ги интересира “, кажа Николовски.

Новинарите му реагира на министерот Николовски во врска со изјавите на премиерот Ковачевски каде рече дека М-НАВ е семејна фирма, на тоа министерот рече да се обратат кај тој што ја дал таа изјава

- “Малку повеќе треба да обратите внимание, на сето тоа што ова министерството го реализира со ваков млад тим. Воопшто не е моја работа да коментирам или да на навлегувам дали некоја фирма  е ваква или онаква. Наше е да работиме стручно, професионално и отчетно“ рече Николоски.