‘’Освоивме повеќе гласови од СДС, имаат најмал број пратеници во Собранието и го имаат најслабиот резултат во историјата’’ со гордост изјавија од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ триумфира со неверојатна предност пред СДС, освојувајќи 436 илјади гласа наспроти скромните 154 илјади на СДС. Оваа убедлива победа е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека СДС претрпе најголем пораз во историјата, со разлика во гласовите од 1:3. Дополнително, СДС сега има најмал број пратеници во Собранието од своето основање.

„Лошите политики го закопаа СДС на дното. Сега е време за одговорно работење, забрзан економски раст, борба против корупцијата и европска интеграција. Потребни се длабоки и брзи промени. Народот повторно ќе ја чувствува Македонија како своја“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.