ЕСМ: Одлука за поскапување на струјата

Актуелната цена на електричната енергија изнесува 57 евра за мегават час.

Цената по која ЕСМ ќе ја продава на универзалниот снабдувач ќе биде неколку евра повисока. Ова значи дека понудената намалена маржа од страна на ЕВН нема да резултира со пониски цени за домаќинствата и малите потрошувачи.

Од ЕСМ информираат дека нема да го покриваат целото количество на електрична енергија, туку на тендерот ќе понудат само 85% од потребите за домаќинствата. Останатото количество универзалниот снабдувач ќе мора да го обезбеди од други извори.

Претходно, постоеја очекувања дека цената на струјата ќе се намалува, имајќи предвид дека на светските берзи има тренд на пад на цените на електричната енергија.