Освестете се! Вистината е дека сме со најниски плати и највисоки цени, вели Ампева

Граѓаните живеат во секојдневна неизвесност од цените на основните прехранбени намирници.

Велат не знаат утре какви цени ќе ги дочекаат во маркетите, со оглед дека месеци наназад цените растат.

-Секаде е криза тоа го знаеме, но кај нас очигледно е профитерство во прашање. Цените низ продавниците не растат за денар или два, туку директно за 5, 10 и 15 денари, коментира еден скопјанец.

Вели дека цените горе-долу се исти како во некои европски земји како Германија, Словенија, Хрватска, Англија, Чешка но разликата е што нема споредба на тамошните плати со овие тука.

На оваа тема деновиве е гласна и активистката Кристина Ампева, која со факти, презентира дека актуелните цени во другите земји се дури и пониски за разлика од кај нас.

-Еве каква всушност е ,„кризата,“ во другите земји, додека нас секојдневно ни прикажуваат дека сме најдобри во споредба со другите, дека празни се рафтовите, па тоа како тука се грижат за нас, каква помош имаме, како најефтини цени имаме, најдобри мерки имаме за справување со кризата. Освестете се, не можам сама. Ни пласираат лажни информации, а вистината дека сме со најниски плати и највисоки цени, вели таа во својата објава на фејсбук, повикувајќи ги пријателите да споделуваат актуелни ценовници на храна од другите земји.

-Можеме сите заедно да си помогнеме, ама треба да си го сакаме народот повеќе од матичните партии, децидна е Ампева.