Револтиран граѓанин „му пиша“ на Ковачевски: Луксуз е да се живее - За какви инвестиции зборуваш?

Револтиран граѓани му остави писмен коментар на премиерот Димитар Ковачевски откако тој се пофали со успесите на неговата влада која е во заминување.

Додека Ковачевски се пофали дека со 2,6 милијарди евра ги поддржале граѓаните и компаниите, граѓаните го прашаа „Дали од твој џеб ги даде тие пари?“. 

Ова е пораката на овој граѓанин кон премиерот: 

- За време на вашата влада 1литар масло за готвење стана 160/170 денари, 1 литар гориво стана 100 денари

Основните производи за живеење беа и се уште се луксуз за народот.

Потрошувачката кошничка за 4-члено семејство не може да се полни со две минимални плати.

За колку проценти се зголемени платите, а за колку цените на основните производи за живот?

За какви инвестиции зборуваш? Колку фабрики се отворени ? А колку казина, обложувалници и продавници за брзи кредити? Не знам дали има толку казина во Лас Вегас колку што има во Скопје.