Османи прв до бројката 10.000 потписи за претседател

По веста дека се собрани 10 илјади потписи преку видео обраќање се јави и Бујар Османи кој кажа дека оваа вест го пречекале во домашен амбиент додека ја барал поддршката на неговите најблиски. Тој посочи дека овие потписи кои се собрани за рекордно време се најголемото признание и пред се голема обврска да влезе во оваа историска кандидатура за претседател на Македонија.

- “ Веста дека се собрани над 10 илјади потписи ме најде во домашен амбиент додека ја барав поддршката и од моите најблиски. Сега со поддршката на Ваљбона, Елиза, Мал и Луан и 10 илјади потписи кои се собраа во рекордно време за речиси два дена се најголемото признание и пред се голема обврска да влезам со најголемата сериозност во оваа историска кадидатура за претседател на Македонија Посакувам позитивна кампања, да се натпреваруваме со идеи и дела“ кажа Османи