Османи: Акцискиот план за малцинствата ќе оди на јавна дебата

Финалната верзија на Акцискиот план за малцинства која е дел од Преговарачката рамка не е готова и прво ќе треба да оди на јавна дебата вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

- “Значи, парадигма на малцинство, човековите права, таа група на прашања се уставни измени и акциски план и затоа патоказите ги испративме до Брисел, како финални верзии после јавна расправа, меѓутоа Акцискиот план го поврзуваме со дебатата за уставните измени и сметаме дека е покоректно да се направи заеднички, за да сfатат граѓаните дека не се тоа сукцесивно нови прашања кои се отвораат во однос на малцинските и човековите права, туку се еден пакет на прашања“ , рече Османи.

Двата Патоказа – за владеење на правото и за реформа на јавната администрација, го поминаа собранискиот филтер и Владата веќе ги достави до Европската комисија.

Останува уште подготовката на Акцискиот план и уставните измени кои се последната обврска за да државата оди напред, односно за автоматско продолжување на преговорите со ЕУ.