Општина Сопиште одбра фирма за изградба на водоводот

Градежната компанија „Бауер БГ“ е добитник на тендерот за изградба на долгонајавуваниот водовд кој ќе ја снабди Општина Сопиште со вода за пиење. Изградбата на водоводот е предвидено да биде готова во наредните 18 месеци. Во конкуренција од 8 други понудувачи, компанијата „Бауер БГ“ е одбрана како најповолен понудувач за проектот вреден околу 2,2 милиони денари.

Со водоводот ќе се опфатата водите на Патишка река и да се спроведе цевковод во должина од вкупно 22 километри кој би ја спровел водата до населените места на општината. Освен снабдувањето со вода за пиење на постоечките населби, водоводот ќе ја снабудва и новата елитна населба која е во изградба Сончев Град. Тендерот за овој проект беше објавен во март годинава.