Општина Карпош ќе доделува стипендии за талентирани ученици и талентирани спортисти-основци

Општина Карпош ќе доделува субвенции за талентирани ученици и спортиски. 

Согласно Програмата на Одделението за образование при локалната самоуправа, Општина Карпош традиционално и годинава обезбеди финансиски средства за доделување на осуммесечни стипендии за талентирани ученици, кои учат во основните училишта на територија на општината за учебната 2023/2024 година. Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000 денари месечно за Прва категорија, односно 2.500 денари месечно за Втора категорија.

Исто така, старувајќи од денеска, локалната самоуправа распиша Јавен оглас за доделување на осуммесечни стипендии за талентирани ученици – спортисти, за учебната 2023/2024 година кои воедно се жители на Карпош, и кои учат во VIII и IX одделение  во основните училишта на територија на општината. Стипендистите ќе бидат рангирани во две категории од каде ќе зависи и висината на стипендијата која ќе ја добиваат. Имено, за освоени  три и повеќе бода, висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно, додека пак, за освоени до 2,50 бода, висината на стипендијата изнесува 2.500 денари месечно.

- Важно за напомена е дека еден кандидат може да оствари право само на една стипендија. Кандидатите кои аплицирале – конкурирале за повеќе различни стипендии по објавени огласи (спорт или образование) од Општина Карпош и ги исполнуваат условите за добивање на повеќе од една стипендија, ќе добијат известување од службите во општината и врз основа на сопствен избор ќе се определат за една од стипендиите, велат од општина Карпош. 

Повеќе за критериумите и начинот на аплицирање може да најдете на општинската веб-страница.