Општина Гази Баба домаќин на ученици од Хрватска, Турција, Романија и Италија

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, утрово беше домаќин на ученици од основни училиште од Хрватска, Турција, Романија и Италија. 

Тие престојуваат во Македонија во рамки на реализација на проект преку Еразмус програмата, насловен како „Не ја менуваме климата, да го менуваме системот'.

-Целта на овој проект е мотивација на учениците да најдат различно пристапи за намалување на климатските промени и алтернативни начини за борба против загадувањето. Општина Гази Баба и јас како градоначалник и во иднина ќе продолжиме да даваме силна поддршка на реализација на проекти кои ќе придонесат за поквалитетно стекнување на образование на нашите ученици - напиша Стефковски на Фејсбук.

Домаќин на проектот е општинското основно училиште 25 Мај.