Општина Центар им додели стипендии на 122 основци за успеси во повеќе области

Општина Центар за учебната 2023/2024 година додели вкупно 122 стипендии на основците за врвни постигнувања во повеќе области, од кои 37 од областа на науката, техниката и посебни вештини, 40 за спорт, 37 за културно творештво и 8 за ученици од социјално загрозените семејства.

Стипендиите во висина од 2.500, 3.000 и 3.500 денари ќе бидат исплаќани на месечно ниво, до крајот на учебната година.

Општина Центар секогаш вложувала и ќе вложува во образованието и во младите таленти со цел да останат мотивирани во процесот на учење и стекнување нови знаења. Општината им честита на стипендистите и им посакува уште многу успеси на државните и меѓународни натпревари – велат од Центар.