Утре времен сообраќај на ул.“Орце Николов“, ќе се санира кружниот тек

Општина Центар известува дека во текот на утрешниот ден ќе почне со санација на кружниот тек во Дебар Маало на улица „Орце Николов”, поради што граѓаните се известуваат дека во периодот од 8:00 до 15:00 часот ќе има времен режим на сообраќајот.

“Сообраќајот ќе се одвива од улица „Коле Неделковски” до улица „Ленинова” во една насока.Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот сообраќај во текот на утрешниот ден“ велат од општина Центар.