Општина Аеродром викендов додели 500 решенија за легализирање на дивоградби

500 решенија за легализација на бесправно изградени објекти, викендов додели Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.

До сега, на територијата на Општина Аеродром, доделени се вкупно 3 000 вакви решенија. Решенијата им овозможуваат на граѓаните кои до сега го немаа регулирано имотот со кој располагаат, односно кој до сега се сметаше за нелегален, да го внесат во катастарот на општината и да го префрлат на свое име. Во последно време, голем дел од општините во составот на Град Скопје го следат трендот на легализирање на дивоградби со што најголем бенефит остваруваат самите граѓани.

За потребната документација за спроведување на процедурата, граѓаните можат да се обратат во соодветниот оддел од општината во која живеат. Извесно е дека и во иднина ќе продолжи со реализација на ваков вид активности.  

cheap nike air max 90