Општина Аеродром со реакција по случената сообраќајка: Уште еднаш ќе побараме решение за овој проблем од Град Скопје

По реакциите од страна на граѓаните на Аеродром, пензионерските здруженија, вработените и родителите на децата кои учат во ООУ „Љубен Лапе“, Општина Аеродром во изминатиот период во неколку наврати оствари комуникација со градската администрација во насока на решавање на проблемот со безбедноста на улицата „Васко Карангелевски“, информираат од локалната сампуправа. 

- Безбедноста на граѓаните е најважна и токму поради уште еднаш апелираме и бараме Министерството за внатрешни работи, Градот Скопје и градската администрација да преземат соодветни мерки за ревидирање на сообраќајното решение за улицата „Васко Карангелевски“, во насока на поставување на соодветна сигнализација со која се гарантира безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот, се наведува во реакцијата од општина Аеродром. 

- Во оваа прилика уште еднаш ја информираме јавноста дека реализацијата на проектот за улицата „Васко Карангелевски“ е целосна надлежност на градот Скопје и Општина Аеродром нема никаква надлежност во однос на сообраќајниот проект и сообраќајната сигнализација. Во таа насока Општина Аеродром, во текот на денешниот ден, уште еднаш со писмено барање ќе побара надлежните институции да ги преземат потребните активности за решавање на овој проблем, велат од општината.